Испечати

Розен торта

Розен торта

Состојки

  • 1 паковање розен кори
  • 0,5 литри млеко
  • 300 гр шеќер
  • 100 гр бело чоколадо (можи и црно)
  • 150 гр путер или маргарин
  • 300 гр мелени ореви
  • 0,5 кг мелени бисквити (овде се со бисквити со какао)
  • 1 лажиче рум (кој не сака, не мора)
  • Глазура
  • 250 гр шеќер
  • 2-3 лажици лимонов сок или обична вода
  • 1 лажиче масло
  • 1 чајно лажиче ексртакт од малина (боровница, јагода)
  • ако има потреба и малку црвена прехрамбена боја

Подготовка

Млекото и шеќерот ставете ги да зовријат. Тргнете од оган и додадете ги чоколадото и путерот да се растопат. Потоа додадете ги мелените ореви и на крај мелените бисквити. Додадете го и румот и се убаво, компактно измешајте.

Смесата поделете ја на 9 дела или пак врз секоја розен кора филовајте со по 3 лажици одприлика. Секоја кора што ќе ја ставате врз филот убаво и рамномерно налегнете ја. Со рацете поминувајте нежно, како да пеглате за убаво да се рапореди слојот од фил.
Филованите кори, се притискаат исто како кога филоваме обланди и се оставаат добро да залепат, стегнат.

Откако добро се стегнале, се спрема глазурата, така што сите состојки убаво се мешаат и со нив се прелива врз најгорната кора. Се остава добро да се здрви (не треба многу време, ама добро би било 2 часа ако се има трпение).
На крај се сечи и се ужива во слаткиот момент -)