Испечати

Пита со сирење

Пита со сирење

Состојки

  • 500гр кори за пита
  • 200мл јогурт
  • 200мл кисела вода
  • 120гр брашно
  • 1 пециво
  • 2 јајца
  • 150мл зејтин за премачкување на корите
  • 250гр сирење

Подготовка

Јогуртот, киселата вода, брашното, пецивото и јајцата се матат додека се соединат.
Во округла тепсија подмачкана со зејтин се реди една кора со врвовите подизлезени надвор. Кората се попрскува со зејтин и се реди втора кора чии краеви исто се надвор од тепсијата, ама од спротивната страна. Значи корите се вртат така што од сите страни да излегуваат краевите за да може да се направи витка на крајот.
Се редат значи три кори една врз друга и врз нив се истура од изматената смеса. Убаво се мачка на сите страни и одозгора се ренда од сирењето.
Се земаат три кори кои се макнуваат во смесата и изгужвани се редат врз сирењето. Постапката се повторува уште два пати и одозгора се редат три кори. Се полеваат со останатиот зејтин и преливот и полека краевите се свиткуваат кон внатре па се прави витка.
Питата се пече во загреана рерна околу 30 минути на 200степени,  а се разбира може неколку минути повеќе или помалку во зависност од вашиот шпорет.
Питата е многу вкусна и за разлика од другите вакви пити и одкако ќе се олади структурата останува иста, не спласнува.
Пред да се стави на печење најубаво е да се исече на 8 дела,  но не до крај, ивицата да остане цела да не истекува од филот.