Испечати

Брзи чоко колачи со павлака (без печење)

Брзи чоко колачи со павлака (без печење)

Состојки

  • 500гр мелени бисквити
  • 200гр маргарин или путер
  • 400гр шеќер во прав
  • 150гр кисела павлака
  • 6 лажици какао
  • 100гр рендана чоколада
  • 100гр бела чоколада за декорација

Подготовка

Се мешаат сите состојки и се замесува смеса. Ако смесата не е доволно компактна се додава уште 1-2 лажици павлака. Од смесата се прават форми по свој вкус и се декорираат со бела чоколада.
Ова се брзи и вкусни колачиња кои сите деца ги сакаат.