Испечати

Торта со амарети колачиња и лебни трошки

Торта со амарети колачиња и лебни трошки

Состојки

  • 200 гр лебни трошки
  • 200 гр амарети колачиња
  • 200 гр шеќер
  • 250 гр течна павлака за готвење
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 3 јајца
  • 15 гр пециво
  • 10 гр ванила

Подготовка

1. Ставете ги амаретите во една кеса и со сукало иситнете ги.
2. Чоколадата ситно исецкајте ја.
3. Одделете ги жолчките од белките.
4. Во сад ставете ја павлаката и измешајте ја добро со шеќерот.
5. Додавајте ги жолчките една по една и мешајте.
6. Додадете ги амаретите, лебните трошки, ванилата и пецивото. Добро измешајте со лажица.
7. Изматете ги белките со миксер да постанат како снег и внимателно додате ги во смесата.
8. На крај додате ја чоколадата.
9. Ставете ја смесата во тава за печење бр. 26 намачкана со путер и посипана со лебни трошки. Ставете ја во загреана рерна на 180 степени за 30-35 минути.
10. Оставете ја тортата да олади и сервирајте ја.