Видео рецепт: Тестенини Џа Алиу
Состојки
- 2 раце лингвини
- 2 раце шкампи
- 50 мл. коњак
- 2 чешниња лук
- 300 гр. доматен сос
- рамна лажичка шеќер
- сол, бибер и маслиново масло
Фичо ќе ни подготви тестенини со морски плодови, доматен сос и коњак, по рецепт на албански начин.
Подготовка
Чекор 1: Во лонецот ставете да зоврие вода и додадете 2 лажици сол. Доколку сте покрај море можете да ставите морска вода.
Чекор 2: Лукчето ситно исечкајте го и ставете го да се пропржи во тава. Додадете малку бибер, исчистени ракчиња по можност козици. Од како ќе фатат боја, додадете го доматниот сос, рамна лажичка шеќер, малку сол, промешајте и оставете да проврие. Од како ќе проврие додадете го коњакот.
Чекор 3: Во тенџерето со солена вода додадете 2 раце тестенини. Една рака тестенини е доза за еден. Сварете ги ал денте и додадете ги во садот со сосот заедно да провријат.
Чекор 4: Сервирајте во голема чинија и декорирајте со гранче магдонос.
СОВЕТ: Овој рецепт ќе биде уште повкусен ако користите свежи морски плодови, како ракчиња и школки.