Салата од ситни макарончиња со туна
Состојки
- 250 гр ситни макарончиња
- 2 конзерви туна
- 1 мала главица кромид
- 3 лажичиња мајонез
- 50 мл било кој доматен сос или доматно пире
- сол, црн бибер и оригано
Подготовка
Сварете ги макарончињата и потоа исцедете ги. Ставете ги во поголем длабок сад и во нив додадете ја туната, ситно исецкан кромидот, зачините и убаво измешајте. Потоа додадете го мајонезот и доматниот сос и повторно измешајте – толку! Навалете : )
• Во зависност од тоа каков и колку густ сос од домати ќе употребите, по желба и потреба можи да придодадете повеќе од наведената мерка. Секако тоа важи и за останатите состојки кои вашиот вкус можи да ги подесува : ) Кој сака помрсничко и малку потечно исто така можи да го додаде и маслото од едната конзерва туна.