Лажна Наполеонка
Состојки
- За основата
- 5-6 кроасана
- Фил
- 800 мл. млеко
- 1 чаша шеќер
- 4 кесенца ванила
- 3 јајца
- 20 гр. маргарин
- 7 лажици брашно
Подготовка
Сугурно знаете дека по оригиналниот рецепт Наполеон торта или колач се прави од тенки кори, слична постапка како за медовикот, но по оваа жештина баш и не ми се ниту месеше ниту сукаше, а секогаш има замена да си направиме кобајаги Наполеон... многу, многу кремаста торта...
Постапка ептен лесна..
Фил
- Ставете во касеролата 600 мл. млеко да се вари заедно со шеќерот.
- Во друг сад сматете ги јајцата, додадете 200 мл, млеко, потоа брашното и цело време матете со миксерот за да се направи хомогена смесата без грутчиња од брашното.
- Кога млекото е зовриено тргнете од огнот касеролата и додавајте полека од јајчената смеса, постојано бркајки го со жица. Потоа вратете назад на огнот и доварете да се направи густ крем - погусто од пудинг. Тргнете од огнот и сега додадете го маргаринот и ванилите. Измешајте да се стопи маргаринот.
- Исечете ги кроасаните по должина на два дела.
- Земете длабок сад во кој ќе ја спремате Наполеонката, обложете ја со стреч фолија така да виси од краевите.
- На дното ставете од исечените кроасани, залијте ги со кремот, повторно ставете од кроасаните, пак од кремот, завршувате со кроасани, вратете ги краевите од фолијата кои висат од страната, покријте и оставете во фрижидерот да се стегни., затоа е најдобро да престои еден ден или најмалку барем 5-6 часа.
- Кога века е стегнат кремот, отворете ја од горната страна одлепувајки ја стреч фолијата, поставете ја тацната на која ќе стои тортата, превртете ја и извадете го садот во кој стоела. Одлепете ја сега целата фолија, и на крај... за мрзеливите како мене или тие што немаат врем или пак сакаат едноставно да е... посипете ја со прав шеќер, а можете слободно да је декорирате онака како што сакате.
Совет
-Наместо млеко можете да користите слатка павлака или пак пола млеко пола павлака. Јас ја правев само со млеко.
- Кога го налевате кремот, можете врз него да ставите и некој џем или мармалад врз секој дел од кремот. Јас не ставив.
- Кроасаните треба да бидат неполнети, јас користев полнети со нутела, па затоа спојот беше фантастичен.
Нека ви е слатко!