Поховани печени тиквички
Состојки
- 2-3 мали тиквички
- 2 јајца
- 1/2 чаша лебни трошки
- 1/2 чаша пармезан
- според вкус сол
- според потребата брашно
Подготовка
Погледнав и видов дека се вака спремани тиквичките актуелни., па да не бидам покусо и јас, е како да не пробам кога сите знаете колку ги сакам тиквичките. Одлични се, однадвор крцкава кора, а внатре баршун меки... па ди ви ги претставам, можеби некој веќе ги видел и спемал, ама нека го овде и кај мене рецептот запишан
-Измијте и исечете ги на долги парчиња тиквичките без да ги лупите. Осолете и оставете околу 10 мин. да си го пуштат сопствениот сок.
- Измешајте ги пармзанот и лебните трошки, јајцата сматете ги.
- Во кеса ставете брашно, исцедените парчиња тиквички ставете ги внатре, протресете да се залепи брашното по нив.
- Вадете од кесата од тиквичките, валкајте ги во јајцата, па во сувите состојки - лебните трошки и пармезанот. Редете ги во тавката во која ќе ги печете.
- Откако ова сте го направиле со сите тиквички врз нив малку полејте зејтин и ставете на висок степен вклучена веќе рерна да се печат. Готови се кога ќе ја добијат посакуваната румена боја.
- Извадете и потоа останува да уживате во нивниот вкус.
- Многу вкусни кога во придужба ќе биде и сосот спрема од кисело млеко или павлака, лукче, солца, копар.... милина е,
- Во кеса ги ставив за валкање во брашното исто како кога спремам ситни риби, најлесно е така.