Испечати

Мешана салата со туна, марула и пченка

Мешана салата со туна, марула и пченка

Состојки

  • 1 конзерва туна
  • 5 домати
  • 1 краставица
  • 1 марула
  • 1 конзерва пченка (од 100гр.)
  • 100 мл масло

Подготовка

Оваа прекрасна салата се подготвува на брз и едноставен начин.
Пченката се меша со туната. Доматите и краставиците се сецкаат на коцки и се додаваат во туната. Настрана се дроби марулата.

Садот со туната се истура врз марулата и благо се промешува.
Се посолува и се додава масло.

Како прелив можете да користите мајонез помешан со бело вино.
На здравје