Тробоен колач со карамел фил
Состојки
- тесто
- 3 јајца
- 12 лажици шеќер
- 8 лажици млеко
- 12 лажици брашно
- 1 пециво
- 12 лажици масло
- фил
- 200 гр шеќер
- 300 мл млеко
- 3 лажици рамни гриз
- 5 лажици мелен орев
- 50 гр чоколадо
- 80 гр маргарин
- 1 лажица какао
- 1/2 лажиче прехрамбена црвена боја
Подготовка
Декоративен колач, погоден за со кафе.
Најпрво се матат јајцата со шеќерот и се додаваат останатите состојки.
Убаво со лажица се промешува и смесата се дели на 3 еднакви дела.
Првиот останува жолт, вториот е кафен, се додава какаото.
Третиот е розов - се додава црвен екстракт или прехрамбена боја.
Се става смесата во силиконски округли калап на делимано, почнувајќи од средината.
Во средината се става од жолта смеса, врз неа кафена, врз неа розова смеса.
Калапот сам си се полни и се распоредува смесата.
Се става во рерна и се печи околу 30 минути.
Сега се спрема филот.
Во касерола на оган се става шеќерот на тивко да се карамелизира.
Потоа се додава половина од млекото, се вари на тивко, а во другата половина од млекото се додава гризот.
Се промешува. Ова се додава во касеролата и се се вари до згуснување.
Се трга од оган се додава чоколадото и маргаринот.
На крај се додаваат оревите.
Убаво се промешува.
Се филува колачот и се сечи на парчиња.