Обланди со домашен џем од диња и ѓумбир
Состојки
- 1 пакување обланди
- за џемот
- 2 кг исчистена диња
- 1 лажиче ѓумбир
- 1 кг. шеќер
- 4 лимони
- ќе ви биде потребна и газа или памучна крпа
Подготовка
Џемот има навистина прекрасен вкус.
Мој совет е и покрај тоа што не се користи лушпата од дињите да се измие за да сме сигурни дека е чиста.
1. Се вади делот со семките (заедно со сржта) и се става во посебен сад.
2. Месестиот дел од дињата се сече ситно и се става во тенџере.
3. Во газата го ставаме делот со семките го врзуваме со јаженце отпорно на оган.
4. Цедиме врз месестиот дел од дињата во касеролата и потоа се остава во садот. Вклучуваме на тивко.
5. Дињата полека се динста додека не омекне и веќе почне да изгледа како џем. Тоа е отприлика еден саат.
6. Меѓувремено се мијат лимоните, се ренда кората и се цедат.
7. Се вади газата од касеролата, чекаме 5-6 минути па цедиме повторно.
8. Се додава шеќерот, лимоновиот сок, изренданата кора од лимонот, ѓумбирот и константно мешаме 15-20 минути.
9. Обландите се сечат на коцки, па на половина како баклави.
10. Штом џемот се олади се мачкаат обландите.
Совет плус е да се користи од портокалевите дињи. (Не сум пробала со другите)
На здравје