Путер вафли со карамел прелив
Состојки
- За вафли
- 250 гр брашно
- 2 лажички пециво
- 1/2 лажичка сол
- 3 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици шеќер
- 60 гр путер
- 450 мл млеко
- За карамел прелив
- 1 шоља шеќер
- 25 гр путер
- 150 мл слатка павлака
- 300-400 гр диња за во вафлите
Подготовка
Ако сакате просто и едноставно, а вкусно да се насладите, еве едноставен рецепт за такво задоволство.
1. Се двојат жолчките од белките.
2. Белките се матат цврсто, како снег.
3. Жолчките се матат заедно со шеќерите.
4. Потоа постепено во жолчките се додаваат останатите состојки. Брашното треба да ни биде промешано со пецивото, а путерот стопен на оган.
5. На крајот во жолчите се додаваат белките и внимателно се промешуваат, за да смесата остане воздушеста. Мешајте со шпатула, не со миксер.
Уклучете го апаратот за вафли на средна температура, ако има такви мерки на него, ако нема на најјаката. Од оваа доза мене ми излегоа 10 вафли.
За преливот, шеќерот го ставаме заедно со путерот на оган, да се стопи и карамелизира. Потоа му ја додаваме слатката павлака, која треба да ни е стоплена. Ако не е топла, може да се случи многу да прска и да се направат грутки, затоа е пожелно да биде топла. Промешуваме неколку десетици секунди да се поврзат вкусовите и преливот ни е готов.
Дињата ја сечеме на парчиња, ја ставаме врз вафла и ставаме од карамел преливот.