Испечати

Босанска Квргуша

Босанска Квргуша

Состојки

  • 1 јајце
  • 200мл млеко
  • 200мл вода
  • 200гр брашно
  • 2 пилешки копани
  • сув зачин
  • 70 мл млеко
  • 70 мл течна павлака за готвење

Подготовка

Јајцето, брашното, млекото и водата се матат со миксер убаво за да се добие смеса малку погуста отколку за правење палачинки. Пилешките копани се посолуваат со сув зачин. Во тавче се става малку масло и пола кафено лажиче маргарин, убаво се рамачкува и се истура смесата од брашно, врз неа се редат копаните или доколку сакате било кој дел од пилешко месо.
Се пече додека убаво се зацрвени, се вади од рерна се попрскува со млекото и се враќа во рерна уште 2 минути. Се вади, врз печената квргуша се истура течната павлака, се остава да ја впие и се сече. Се надевам дека ќе ви се допадне рецептов бидејки е превкусен.
На здравје !!!