Испечати

Чизкејк со чоколаден прелив

Чизкејк со чоколаден прелив

Состојки

  • Подлога
  • 200гр мелени бисквити
  • 100гр чоколадо
  • 150гр маргарин
  • Фил
  • 250гр маскарпоне
  • 300мл слатка павлака
  • 120гр шеќер во прав
  • 5гр желатин
  • Чоколаден прелив
  • 200мл слатка павлака
  • 1 чоколадо
  • 50гр маргарин

Подготовка

1. Чоколадото се ренда и се додава во мелените бисквити. Маргаринот се топи на оган и се додава во садот со бисквитите и чоколадото и се меси смесата со рака, па се става во плех бр. 24 со обрач и се става во ладилник. Доколку употребите темен кекс, чоколадото не мора, јас го ставив заради бојата само.
2. Желатинот потопете го со две лажици ладна вода и оставете го да набубри. Во сад ставете го маскарпонето и прав шеќерот и расмешајте со лажица. Во друг сад изматете ја слатката павлака, па додадете го маскарпонето и кратко измиксајте додека се соединат. Набабрениот желатинот растопете на оган и додадете го во смесата и повторно кратко измиксајте да се соединат, па филот нанесете го врз подлогата од бисквити и ставете го во замрзнувач да се стегне.
3. Слатката павлака загрејте ја на оган, но никако да проврие, тргнете ја од оган па додадете го чоколадото, мешајте со лажица додека се стопи чоколадото па додадете го маргаринот, повторно промешајте. Откако малку ќе олади и почне да се згуснува, нанесете ја врз маскарпоне кремот, декорирајте по желба, и ставете го во фрижидер, најдобро преку ноќ.