Испечати

Тенко содено лепче со сирење и ким

Тенко содено лепче со сирење и ким

Состојки

  • 15 лажици брашно
  • 2 јајца
  • 250 мл. кисело млеко
  • 100 мл. вода
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 5-6 лажици зејтин
  • прстовет сол
  • 150 гр, сирење
  • 1 лажица ким
  • 30 гр. маргарин

Подготовка

За топлите денови многу да не се врткаме со месење... супер лепче е,
Подготовка
- Во садот во кој ке го забркате тестото ставете го киселото млеко, додадете ја содата и нека се запени. Додадете во него водата, јајцата, избркајте со жица или вилушка. Додете го брашното, солта и зејтинот. Повторно избркајте - треба да добиете течно тесто погусто од тестото за палачинки.
- Излијте го тестото во малиот ростер, посипете одозгора со изронетото сирење измешано со ким.
- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени и нека се пече околу 20 мин. Кога е печено извадете од рерната- прeмачкајте со маргаринот и вратете назад во рерната која веке сте ја исклучиле. Оставете околу 5 мин. и извадете, покријте со крпа.
Нека ви е на здравје!