Испечати

Коктел од лубеница

Коктел од лубеница

Состојки

  • 300 мл. сок од лубеница
  • 50 мл. бел рум
  • 1-2 лимети
  • 150 мл. бело вино
  • За шеќерен сируп
  • 2 рамни лажици шеќер
  • 2 лажици вода

Подготовка

Ова убаво, летно коктелче и се јаде и се пие. Се подготвува на овој начин.

1. Најпрво се прави шеќерниот сируп на тој начин што се загреваат шеќерот и водата, додека шеќерот не се стопи. Се остава да се олади.

2. Се цеди сокот од лубеницата преку соковник или поедноставно парчињата лубеница се притискаат преку цедалка за да се добие околу 300 мл. сок.

3. Се мешаат сокот од лубеница, румот и белото вино. Потоа по вкус се додава шеќерниот сируп и сокот од лимета. Прво додадете една лажица шеќерен сируп и сок од една лимета, па потоа по вкус додадете повеќе.Пробајте бидејќи зависи од тоа колку е блага лубеницата, а и дали саката поблаг или покисел коктел.

4. Чашите се ставаат малку во замрзнувач да се оладат.

5. Со кујнска алатка од лубеницата се вадат топчиња. Чашите прво се полнат до горе, наизменично се топчиња лубеница, коцки лед и парчиња лимета. Потоа се налева коктелот.

На здравје