Пилешки стек со сенф и шампињони
Состојки
- 500 гр пилешки стек ( обичен или мариниран-по желба)
- 300 гр маринирани шампињони
- 2 главици кромид
Подготовка
Најпрво стекот се сецка на помали коцки, а шампињоните се цедат од водата. Кромидот се сецка и се става да се запржи во тава со малку масло. Откако кромидот малку ќе омекне се додаваат шампињоните и се запржуваат заедно со кромидот околу 5 минути. Потоа се додаваат и стекот и сенфот и се се меша убаво за сенфот да се соедини со стекот, доколку одберете обичен стек се додава и сол и мешан зачин, а доколку одберете мариниран стек не се додава ништо, и така си е солен. Се додава вода колку да се залие целиот стек, се покрива со алуминиумска фолија и се остава да се крчка на тивок оган околу 30 мин. Откако ќе видите дека стекот се сварил, се вади фолијата и се остава уште неколку минути да испари вишокот течност.
Совет плус
На крајот не мора да чеката целосно да испари течноста, може да го извадите порано и ќе си дојде сочно од сосот кој ќе се формира од сенфот.