Ориз со зеленчук и соја сос
Состојки
- 300 гр интегрален ориз
- 200 гр шампињони исецкани на ливчиња
- 300 гр исецкана зелка
- 2 моркови исечени на кругчиња
- 1/2 главица исецкан кромид
- 30 гр рендан ѓумбир
- 150 гр исецкан кашкавал
- 8 лажици соја сос
- по потреба маслиново масло и сол
- по потреба пармезан и лебни трошки
- 2 средни исецкани домати
Подготовка
Оризот сварете го во поголема количина, посолена вода. Потоа исцедете го.
Во тава со маслиново масло малку пропржете го кромидот. Додајте ги морковите и пола чаша вода. Пржете ги додека течноста испари. Потоа додајте ги печурките, зелката, ѓумбирот и соја сосот. Продолжите со пржењето додека течноста што ја пушта зеленчукот испари. На крај додајте ги доматите и нив пржете ги уште 2-3 минути.
Тавата тргнете ја од огнот и додајте го оризот и кашкавалот. Измешајте ги и по вкус додајте сол.
Смесата турете ја во тава за печење намачкана со масло и посипана со лебни трошки и подрамнете ја. Одозгора посипете со пармезан и лебни трошки и ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 мин.
Готовиот ориз послужете го топол со салата.