Торта чоколадна фантазија
Состојки
- Потребни се две теста
- 7 јајца
- 7 лажици шеќер
- 7 лажици зејтин
- 4 лажици млеко
- 7 лажици брашно
- 3 лажици какао
- 1/2 пециво
- фил
- 1л млеко
- 4 чоколадни пудинга
- 300гр шеќер
- 1 путер
- 200гр чоколада за готвење
- 10 крем бананки
- ганаш
- 250мл слатка павлака
- 300гр чоколада за готвење
Подготовка
Чоколадна сочна торта кое е вистинско уживање за сите љубители на чоколадо. Изборот на чоколадо кој ќе го користите за подготовка на оваа торта го оставам на вас само сакав да ви нагласам дека доколку сте во можност користете чоколада со високо количество на какао.
Подготовка
Во сад за матење ги кршиме јајцата и заедно со шекерот матиме. Откако јајцата добро ќе се изматат ги додаваме зејтинот, млекото, какаото, брашното и пецивото. Полека целата смеса ја мешаме со шпатула. Смесата ја сипуваме во округла тава бр. 26 обложена со хартија и печеме на 180степени половина час. Вакво тесто подготвуваме уште едно. Двете теста ги сечеме на половина и добиваме четири теста.
Подготовка на фил
Од млекото оделуваме околу двеста мл. и во него ги мешаме четирите пудинга. Останатото млеко го загреваме заедно со шеќерот додека не почне да врие мешајки ги додаваме млекото со пудинг. Кремот го тргаме на страна и во него ги ставаме двете чоколади мешаме додека да се стопат. Откако кремот добро ќе се излади го соединуваме заедно со путерот. Крем бананките ги сецкаме и нив ги додаваме во филот.
Подготовка на ганаш
Слатката павлака и кршеното чоколадо ги топиме на тивок огин. Мешаме додека не се стопи чоколадата и додека не добиеме убав чоколаден фил.
Сите теста ги филуваме со филот и на крај го сипуваме ганаш филот врз последната кора. Декорираме по желба!!!
Добар апетит!!!