Пица тесто со сирење и лук - GARLIC FINGERS
Состојки
- За тестото
- 3 чаши брашно
- 1 чаша топла вода
- 2, 1/4 лажичка сув квасец
- 1 лажица шеќер или мед
- 2 лажички сол
- 2 лажици маслинов или најобичен зејтин
- 1 лажица смеса од лукот
- 1/2 лажичка мелен бибер
- За премачкување
- 35-40 гр. омекнат маргарин или путер
- 5-6 чешниња пресован лук
- 2-3 лажици сецкан магданос
- 1/2 чаша рендано моцарела сирење
- 1/2 чаша пармезан
Подготовка
Дома припремано тесто за овие пица залаци... супер е,
Чашата е од 250 мл.
Подготовка
- Најпрво преку преса истиснете го лукот или изблендирајте го.
Тесто
- Растворете го квасецот со дел од млаката вода заедно со шеќерот или медот. Оставете да се запени - околу 5 -10 мин,.
- Во садот во кој што ќе месите ставете прво 2 чаши брашно, ставете солта и црниот бибер, лукот и измешајте. Сега ставете го запенетиот квасец и додавајте од водата, замесувајте го тестото. Треба да добиете убаво податливо тесто за работа кое нема да се лепи за рацете и е мазно. Третата чаша брашно додавајте ја постепено се додека не дојдете до посакуваниот резултат. На крај домесете го тестото со зејтинот. Оставете го сосема кратко да одмори. Поделете го на делови во големина која вие ја сакате и оформете го пица-тестото. Со припреманата смеса од маргарниот, лукот и магданосот премачкајте го тестото. Врз него ставете моцарела сирњето, посипете со пармезан.
Печете во претходно загреана рерна на 250 степени. Откако е печена извадете, насечете ја на тесни парчиња... и што да ви кажам, уживајте си!
За премачкување
- Оставете го маргаринот на собна температура да омекне, додадете во него исецканиот магданос и преостанатиот лук. Измешајте. Со овој премаз се премачкува пица тестото.
Совет
- Велам брашното да не го ставате одеднаш бидејки се случува некогаш зависно од кој тип на брашно месам да ми е потребно 2,1/2 чаша или 3 чаши...
- Доколку сакате да спремите повеке и да замрзнете - слободно тоа го направете така што ќе го поделите тестото на делови колку што сакате вие и тоа веднаш откако сте го измесиле тестото. Кога сакате да ги спремите извадете го од фрижидер, нека одлежи на собна температура околу 6-8 часа и понатаму продолжете како погоре опишано.
- Доколку си имате вие омилено тесто за пица, тогаш замесете си го вашето тесто, па продолжете како што погоре предложив.
- Јас кога сакам да замрзнам (што ретко ми се случува тоа) откако го измесам тестото, го делам, оформувам пицата, ги завиткувам во стреч-фолијата и така ги ставам во замрзнувачот за да после само ги чекам да се одмрзнат и почнат да стасуваат.
-Кој имате гранитен камен за печење тогаш веќе се знае дека е подобро тестото печено.
- Јас печам во кругла тава во кога ставам хартија за печење.