Пилешко дробче во сос од сенф
Состојки
- 1кг пилешки дроб
- 1 главица кромид
- 1 лимон
- 1 чешне лук
- 1 лажица сенф
- 1 лажица брашно
- 100мл бело вино
- 50гр путер
- 1 лажиче густин, сол, зачин и црн бибер
Подготовка
Дробот го сечеме на парчиња, го посолуваме, наросуваме мелен црн бибер, набрашнуваме и го ставаме да се пржи во тава на оган со загреано масло.
Испрженото дробче го ставаме во чинија.
Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја ставаме да се пржи во преостанатото масло. Го додаваме и чешнето лук(гмечено) и брашното да се запржи малку.
Се налева белото вино и го додаваме и путерот и промешуваме. Во тавата го враќаме испржениот дроб и динстаме околу 20-тина минути. (јас додадов и вода,поради тоа што кај мене децата сакаат повеќе чорба). Лимонот го цедиме во цедалка. Во сенфот го додаваме густинот и мешаме со лажица. Сенфот со густин го додаваме во тавата.
Го додаваме и лимоновиот сок и ја тргаме тавата од оган.