Манчмелоу
Состојки
- Кора
- 6 жолчки
- 300 гр. шеќер
- 150 гр. зејтин
- 200 мл. млеко
- 300 гр. брашно
- 3 лаж. какао
- 1 пециво
- 1 ванилин шеќер (8-10 гр)
- Шам
- 150 гр. вода
- 300 гр. шеќер
- 6 белки
- За глазура
- 100 гр. чоколадо за готвење
Подготовка
Овој е мојот прв рецепт поставен тука и се надевам дека ќе ви се допадне.
Жолчките и шеќерот се матат со миксер 15 мин. да се растопи шеќерот, потоа се додават и останатите состојки и се промешува и се истура да се пече во плех бр.32.
Во тенџере на оган се става шеќерот и водата да зовријат и да вријат 5-10 мин. да се направи шербет. Потоа во сад за матење се стават белките да се матат и постојано се додава шербетот и се мати додека не стане цврста пена околу 20 мин. Сето тоа се става врз кората (не мора да е изладена) и одозгора се полива со растопено чоколадо за готвење.