Испечати

Видео рецепт: Крем пита

Видео рецепт: Крем пита

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 8 жолчки
  • 8 лажици шеќер
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици млеко
  • 8 лажици брашно
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 19 лажици шеќер
  • 8 белки
  • 2-3 пакетчиња ванилин шеќер
  • 4 кесички пудинг од ванила
  • 1 л. вода
  • Ќе ви треба и:
  • 50 гр. шеќер во прав

Денес ќе готвиме заедно со Маја, готвач член на нашата веб-страница. Маја ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Крем пита.

Тенки кори пандишпан полнети со ванила крем. Изладен во фрижидер, овој десерт е идеален за летните денови!

Подготовка

Чекор 1: Жолчките изматете ги со шеќерот, па додадете ги маслото и млекото. На крај додадете го брашното и измешајте со лажица. Ние користевме големи јајца и полни лажици шеќер и брашно.

Истурете ја смесата во тавата и печете во загреана рерна на 180 степени, 15 минути. Тестото оставете го малку да се излади, па внимателно извадете го од тавата и пресечете го на два дела.

Чекор 2: Прашокот за пудинг измешајте го со 4 лажици шеќер, ванилин шеќер и 200 мл вода. Остатокот од водата ставете ја на оган и кога ќе почне да врие додадете ја смесата за пудинг. Мешајте додека не се згусне.

Чекор 3: Белките убаво изматете ги со 15 лажици шеќер, кои ќе ги додавате една по една. Потоа додадете им го врелиот пудинг и измешајте мазен крем.

Чекор 4: Првата кора ставете ја во Малата Ростер тава која ќе служи како калап, истурете го врелиот фил и ставете ја втората кора. Оставете го да се излади, а потоа да стои неколку часа во фрижидер пред послужување.

Чекор 5: Исечете го на коцки и сервирајте го наросен со шеќер во прав.

СОВЕТ: Ние печевме една кора, па ја поделивме на половин. Но, во зависност од времето на располагање и тавите во кои ќе печете, вие може да печете две кори со половина од смесата, соодветни на тавата во која ќе ја филувате питата.