Испечати

Фритата со тиквички

Фритата со тиквички

Состојки

  • 1 поголема тиквичка
  • 1 морков
  • 6 јајца
  • 1 лажица мешан сушен зачин
  • листови магдонос
  • 1 кисела павлака
  • 1 јајце
  • 50-100 гр сирење
  • 3-4 чешниња лук
  • 100 гр лебни трошки (презла)
  • 3-4 парченца шери домати

Подготовка

Овој рецепт ми е од мојот најголем фан на оваа страна, мојата јатрва Васе. Прекрасна и брза подготовка на италијанска пита која во сласт се изеде за појадок во едно неделно утро.

1. Тиквичките ги сечкаме на коцки, морковот го рендаме, а лукот на ситно го сечкаме. Јајцата ги матиме со вилушка или рачна маталка.
2. Тавчето во кое ќе ја печеме го обложуваме со хартија, моето беше со број 30. На дното мачкаме со масло и посипуваме лебни трошки.
3. Ги соединуваме јајцата со зеленчукот и додаваме зачин и магдонос. Истураме во тавчето. Наросуваме повторно со лебни трошки.
4. Киселата павлака, јајцето и ренданото сирење ги соединуваме и ги истураме внимателно врз питата, редиме сечкани шери домати.
5. Печеме на 200 степени околу 20-25 минути, зависи од рерната.

Е сега забелешките, бидејќи немав пробано фритата во која зеленчукот барем малку не се потпржува, бев скептична околу подготовката, бидејќи зеленчукот воопшто не се потпржува. Затоа морковот го изрендав, а не го исеков на коцки. Питата беше преубава, мислам дека се прејадов. Тиквичките беа добро зготвени, а вишокот течност која би требало да излезе од нив се соединила со лебните трошки. Морав да ви прикажам и пресек кој е направен со ,,одгризок,,.
И уште нешто, во оригиналната рецепта немаше сирење и јајце, како и домати, па можете да си ја подготвите и така.

Значи кој е љубител на тиквички ова е навистина најбрзата припрема на некое јадење со нив.