Испечати

Француска супа од тиквички

Француска супа од тиквички

Состојки

  • 500 гр тиквички
  • 200 гр компир
  • 200 гр млеко
  • 1 лаж. сув зеленчук
  • 1 главица кромид
  • 3-4 парчиња леб
  • малку свеж лук за лепчето

Подготовка

Кромидот ситно исечкајте го и подпржите го малку во тенџере.
Компирите и тиквите излупете ги, исечете на коцки и ставете ги кај кромидот. Налејте вода и ставете да се варат.
Сварени испасирајте ги со водата кај што се вареле, додадете млеко и се заедно да зоврие.
Лебчињата испечете ги, истријте ги со лук и исечете на коцки.
Супата посолете ја, додадете сув зеленчук, бибер, сервирајте во чинија одозгоре ставете лебчиња!