Испечати

Торта ташна

Торта ташна

Состојки

  • Пандишпан
  • 5 средни јајца
  • 170 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 170 гр путер
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 50 гр чоколадни капки
  • 220 гр брашно
  • 1 прашак за пециво
  • За филовање
  • 400 гр мармалад од кајсии

Подготовка

Подготовка на пандишпанот
Путерот и чоколадата ставете ги на пареа да се стопат и оставете ги да оладат.
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата да се добие светла кремаста смеса. Додајте ги путерот и чоколадата и доизматите да се изедначат. На крај додајте ги брашното, пецивото и чоколадните капки и измешајте ги со голема лажица.
Смесата ставете ја во намачкана со путер и набрашнета тава бр. 26 и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 мин. или проверете со чепкалка дали е печена.
Готовиот пандишпан оставете го да олади.
Хоризонтално исечетего на половина и на средината намачкајте го со мармалад.
Потоа тортата исечете ја вертикално на половина. Двете половинки намачкајте ги со мармалад и залепете ги.
Со рамната страна на долу исправете ја и со нож горниот дел малку подрамнете го.
Целата торта премачкајтеја со многу малку мармалад колку да залепи фонданот.
Од фондан се прави поголема тенка кора, се покрива целата торта и нежно со рацете се мазни. Вишокот се кине.
Со нож на фонданот се прават коси линии да изгледаат како баклави. Потоа во боја се прави лентичка се става на горниот дел од тортата и со чепкалка странично се прават мали засеци да изгледа како патент.
На средината од горниот дел се ставаат рачките една исправена и една легната.
А на средина од предната страна се ставаат буквите ц латиница знакчето на шанел.
Вака подготвената торта се пренесува над тортата подлога и најдолниот дел се украсува со преплетена машничка.
Ова беше мојата изведба на ташната. По втор пат украсував со фондан направен по рецепт од членка на странава