Павлова торта
Состојки
- Кора
- 6 белки
- 300гр шеќер
- Фил
- 6 жолчки
- 6 лажици шеќер
- 90гр бело чоколадо
- 120гр маргарин
- Декорација
- 10гр рендано бело чоколадо
Подготовка
1. Изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот во цврст снег. Јас матев некаде околу 15 минути. Потоа на плех обложен со хартија за печење нанесете го снегот и распоредете го со лажица во форма на круг со мала вдлабнатина на средината и печете во претходно загреана рерна на 120 С, 90 минути.
2. За филот, жолчките и шеќерот ставете ги на тивок оган и мешајте додека не се растопи шеќерот и кога ќе почне да се прави пат во тенџерето, значи е готово, тргнете го од оган и додадете го белото чоколадо, мешајте додека се растопи и оставете да се олади. Откако ќе се излади соединете го со претходно изматениот маргарин.
3. Филот се нанесува врз испечената кора и одозгора се декорира со рендано бело чоколадо.
4. Забелешка- Тортата ја правев доцна навечер, па откако ја испеков кората, ја исклучив рерната и така ја оставив до сабајле, па утрото го нанесов филот. Обично се филува со шлаг и се декорира со овошје, ама јас немаше што да направам со жолките, па затоа од нив го направив филот. Прв пат ја правам и сум задоволна, сите дома ми ја пофалија, ама нареден пат ќе ја направам со шлаг и овошје, и така да ја пробаме = )