Бомби од компири и моцарела
Состојки
- 500гр. варен компир
- 250гр. брашно
- 1 домат
- 1 јајце
- 125гр. моцарела
- 1 кесичка квасец во прав
- по потреба рендан пармазан
- по потреба маслиново масло и сол
- по потреба оригано
Подготовка
“Бомби“ како што јас си ги нарекувам се одлични за појадок со јогурт.
1. Испасирајте го варениот компир и замесете го со брашното, јајцето, квацесот, 2 лажици пармезан и малку сол.
2. Замесете меко тесто. Од тестото направете форма на цилиндар и разделете го на 10 парчиња.
3. Доматот и моцарелата исецете ги на коцкички и зачинете ги со оригано.
4. Секое парче од тестото претиснете го и во средината додајте по неколку коцкички од доматот и моцарелата. Потоа затвотете го тестото формирајки топки.
5. Префрлете ги во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Напрскајте ги со маслиново масло и наросете ги со пармазан.
Печете на 170 степени 30 минути.