Испечати

Едноставно домашно лепче со црно брашно

Едноставно домашно лепче со црно брашно

Состојки

  • 1 кг брашно тип 950
  • 1 сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 4 лажици маслиново масло
  • 550 мл млака вода

Подготовка

1. Се замесува тесто од сите состојки, на меко и се остава убаво да стаса, значи да се дуплира тестото.
2. Потоа се размесува и се дели на четири топки. Секоја топка ја размесуваме убаво и ги ставаме во подмачкан со масло плех. Го оставаме да стаса додека да се загрее рерната.
3. Во загреана рерна на 250 степени, го ставаме лепчето да се пече.
4. Кога ќе се испече, односно добие убава боја, ја исклучуваме рерната и го оставаме уште 5 минути во неа.
5. Потоа го вадам од рерна и од тавчето и не го покривам со ништо додека не се излади. Потоа си го ставам во кутија за леб. И утре пак така...
Добар апетит!