Проја со маслинки
Состојки
- 2 јајца
- 200мл. газирана вода
- 250мл. јогурт
- 250мл. зејтин
- 250гр. бело брашно
- 350гр. пченкарно брашно
- 1 пециво
- по вкус сол
- 200гр. маслинки
- 100-150гр. сирење по желба
Подготовка
Пројата дома сите ја сакаме, па затоа секогаш се трудам да биде во едно поинакво издание. Иако онаа традиционална само со сирење ми е омилена, сепак и оваа верзија, како и сите други кои ги имам пробано се одлични. Ако сте љубители на маслинки, рецептот е за вас.
1. Во подлабок сад изматете ги јајцата, лесно со лажица. Додадете ги една по една течните состојки и измешајте. Во друг сад помешајте ги двата вида брашно со пецивото и солта па додадете ги во садот. Додадете ги и сецканите маслинки и сирење доколку сакате. Убаво промешајте и ставете во намрсен плех (бр. 34). Наросете сусам (ким, мак, оригано, лен) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С. Кога ќе се крене и запече, намалете на 180С и оставете убаво да се испече (чепкалката да излезе сува). Околу 40-45мин.
Нека се излади малку па пресечете и послужете со чашка јогурт.
Добар апетит =)
*Користев мешани маслинки, зелени со пиперче и големи црни маслинки кои скоро и да не се солени. Додадов и малку сирење, зошто проја без сирење не е проја =))). Па ќе внимавате во однос на соленоста.