Влашки плашинти (солени палачинки)
Состојки
- 1кг брашно
- 500мл топла вода
- 40гр свеж квасец
- 1 лажица сол
- 1 лажица шекер
- фил
- 3 јајца
- 300гр сирење(кравјо,овчо или козјо)
- зејтин,палмино масло или свинска маст
Подготовка
За влашката кујна знам многу малку, но знам дека е многу вкусна и стара. Овој рецепт го најдов на интернет и веднаш го подготвив. Има сличност со уштипците или нашите мекици но подгответе ги и почуствувајте ја разликата.
Подготовка
Во посебен сад го сееме брашното. На краевите ја сипуваме солта додека на средината правиме дупка и го додаваме шеќерот, квасецот и малку млака вода. Откако квасецот ќе надојде целото тесто го замесуваме и оставаме да стаса додека го подготвуваме филот.
Во сад ги кршиме јајцата и заедно со дробеното сирење ги мешаме.
Од тестото формираме топчиња како за мекици. Секое топче го расукуваме во круг и ги полниме со филот. Полека краевите ги ставаме во центарот правејки цвет и ги затвараме притискајќи. Целата постапка ја повторуваме се додека не ни се потроши филот и топчињата.
Во загреаното масло поплека ги пржиме од двете страни.
Забелешка
Јас направив пола доза и ми излегоа единаесет топчиња. Ги пржев во палмино масло на потивка температура за да се испржи убаво и внатрешноста. Исто доколку пржите со зејтин немојте да вклучувате на најсилна температура да не ви изгорат од надвор, а да останат живи внатре.