Испечати

Брза пита со маслинки

Брза пита со маслинки

Состојки

  • 4 јајца
  • 1лажиче сол
  • 250 мл јогурт
  • 125 мл масло
  • 1 пециво
  • 200 гр бело дробено сирење
  • 2 чаши(од 250 мл) брашно
  • 20-30 сечкани маслинки
  • сусам, ким
  • 1 сецкан морков

Подготовка

Еве предлог за многу брза и вкусна пита со маслинки

Во вангличка се ставаат јајцата и солта и се матат со миксер.
Се додаваат јогуртот, маслото, просеаното брашно, сецканиот морков, дробеното сирење, пецивото и брашното.
Убаво со лажица сето се промешува.
Смесата се истура во мала ростер тава на Делимано,одозгора се ставааат исецканите маслинки ( а може да се стават и во самото тесто) и одозгора се посипува со сусам и ким .
Се печи оклу 30-40 минути.
Изладена се сечи на штангли.