Бел колач
Состојки
- За кората
- 7 белки
- 7 лажици шеќер
- 7 лажици мелени бискоти
- 7 лажици сецкани ореви или лешници
- 1 лажица брашно
- 1 пециво
- Фил
- 500 мл. млеко
- 100 гр. шеќер
- 6 лажици густин
- 125 гр. маргарин
- 7 жолчки
- 50 гр. шеќер во прав
- 2 ванили
- 200 гр. кршени бискоти
- 200 гр. сецкани ореви или лешници
- 100 гр. сецкано бело чоколадо
Подготовка
Ова и колач и торта слободно може да биде.
- Се матат белките со шеќерот, се додаваат мелените бискоти, сецканите ореви или лешници, брашното кое сте го измешале со пецивото. Измешајте и пеќете во претходно загреана рерна на 180-200 степени во малиот ростер тава.
- Печено извадете и оставете да олади.
Додека се пече, спремете филот
- Во касерола ставете да проврие 400 мл. млеко со шеќерот. Тргнете настрана и додадете во него изработените 7 жолчки во кои сте додале 100 мл. млеко и густинот. Вратете на огнот, варете до густина како пудинг, тргнете од огнот, покријте со стреч фолија за да не фати кора и нека олади.
- Изработете маргаринот со шеќерот во прав, во него додадете ја претходно сварената и оладена смеса. Измешајте. Во вака добиениот фил додадете ги кршените бискоти, оревите или лешниците и белото чоколадо.
- Кората полијте ја со врело млеко или шербет (може и разреден загреан мед), врз неа истурете го филот, израмнете. Одозгора како сакате, по ваша желба, дали ќе сматите шлаг пена или слатка павлака останува да изберете, декорирајте по ваша желба.