Шпагети со песто и меснати полпети со тиквички
Состојки
- 400 гр. мелено месо
- 1 средна по големина тиквичка (150 гр)
- 2 моркова (100 гр.)
- 50 гр. лебни трошки
- 2 чешниња лук
- 1 јајце
- 2-3 лажици сецкан магданос
- на вкус сол, бибер, мешан зеленчук
Подготовка
Пестото од тиквичките нема да ви го напишам затоа што веќе рецептот е поставен е и на ваша услуга. Шпагети знаете ал-денте да сварите, нема да пишувам ниту за нив, само ќе ја напишам подготовката на малите полпети кои се сосема добро вклопуваат со шпагетите измешани со пестото, а тие се само дадаток. Преубав ручек.
- Тивкичките изрендајте ги на ситната страна од рендето, посолете, оставете да го пуштат сопствениот сок.
- Изрендајте го морковот исто така на ситната страна од рендето, магдоносот исецкајте го ситно, лукот стиснете го преку преса.
- Добро истискајте ги тиквичките.
- Ставете ги сите состојки во садот во кој ќе ги измешате до потполно мешање на сите состојки, со зејтин лесно намачкајте ги рацете и обликувајте ги полпетите. Загрејте малку зејтин во тавката и испржете ги полпетите до заруменување.
Сервирајте ги со веќе сварени шпагети и измешани со песто од тиквички.
Совет
- Доколку имате смелост за нови вкусови - тогаш намалете ги лебните трошки за сметка на 2 лажици смелени бадеми односно колку ќе ставете мелени бадеми, за толку ја намалете количината на лебните трошки или потполни заменете ги бадемите со лебните трошки. (Јас така ги сакам). Уште повкусни ми се ако ставам и малку мелени семеки од тиква.
- Наместо да ги пржите можете на лесно подмачкана тавка да ги ставите полпетите и да ги потпечете, но внимвајте да не ги пресуште особено ако сте користеле мелено пилешко бело месо. Значи, меленото месо не е задолжително од која врста ќе е, пилешко, говедско, мешавина од месо, пилешко, и т.н. Изборот е ваш.