Кошнички со крем од ванила и овошје
Состојки
- За кошничките
- 150 гр путер
- 300 гр брашно
- 150 гр ситен шеќер
- 1 ванила
- 1/4 лажиче прашак за пециво
- рендана кора од 1 лимон
- За кремата од ванила
- 500 мл млеко
- 6 жолчки
- 140 гр шеќер
- 1 ванила
- 2 мг екстакт од ванила
- 60 гр пенкарен скроб (густин)
- 1лажица путер
- За декорација
- по потреба мешано овошје - јагоди, киви, малини, боровинки, грозје
- 1 пакетче гел за торти
Подготовка
Најпрво подгответе го тестото за кошничките.
Во сад ставете ги сите состојки и месите додека добиете изедначено тесто. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер околу еден час. За тоа време подгответе ја кремата.
Во касеролата ставете го млекото да зоврие.
Во сад малку изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата. Потоа додајте го густинот и до изматите и тој да се изедначи со жолчките да нема грутчина.
Откако ќе зоврие млекото исклучете го огнот и додајте ја смесата од жолчки. Мешајте додека се згусти. Додајте го екстрактот од ванила и путерот и измешајте го да се стопи путерот.
Готовата крема покријте ја со најлонска фолија така што да допира до кремата и оставете ја да олади прво на собна температура а потоа ставете ја во фрижидер целосно да излади.
Кога ќе отстои тестото во фрижидер следува правење на кошничките.
На набрашнета површина со сукало се развлекува кора дебела околу 5 мм и со чаша (поголема од калапчината) направете кругови. Секој круг ставете го во алуминиумски калап и со прстите порамнете го на дното и по ѕидовите а потоа избоцкајте ги со чепкалка за заби. Тестото се премесува и постаката се повторува додека се потроши.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 мин.
Печените кошнички оставете ги да оладат и исфиловајте ги со кремата.
Кремата ставете ја во готврски шприц и ставајте во секоја кошничка.
Одозгора наредете го овошјето и на крај со четче премачкајте го со гел за торта направен по упатството на паковањето.
Пред да ги служите оставете ги во фрижидер 2-3 сати за да се спојат вкусовите и секогаш чувајте ги во фрижидер бидејќи сецканото свежо овошје е лесно расипливо.