Испечати

Роловани тиквички

Роловани тиквички

Состојки

  • 10 танко исечени ленти тиквичка
  • 200-300гр мелено месо
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажиче зачин,сол и црн бибер
  • 1 ситно исецкано кромидче
  • 1/2 лажиче оригано

Подготовка

Тиквичките ги вакламе во брашно измешано со сол, зачин и црн бибер и малку ги пропржуваме, колку да омекнат. На меленото месо го додаваме исецканиот кромид, сол, зачин, црн бибер и оригано и ја мешаме смесата. Од месото правиме форми како ќебачиња. Исто и нив малку ги пропржуваме. Секое ќебапче го премотуваме со лентата тиквичка. Ги редиме во тава и ги ставаме да се печат во рерна.