Ликер од вишни
Состојки
- 1 кгр. вишни
- 1 л. ракија
- 1 кгр, шеќер
- 500 мл. вода
- на вкус каранфилче, цимет, есенција на горчлив бадем
Подготовка
Доколку имате вишна Мараска тогаш навистина мислам дека имаме одличен ликер.
Постапка
- Искостете ги вишните, ставете во тегла измешајте со ракијата и аромите, оставете на ладно место да стои 7 дена,
- После седумте дена од шеќерот во зовриената вода сварете шербет кој е готов кога ќе видите дека на ѕидовите од тенџерето има бели трагови, оставета да потполно се олади и измешајте со вишните. Оставете да одстои уште 15 дена по што ќе ги процедите вишните и флаширајте.
Совет
Јас вишните ги искостувам, а во оригиналниот рецепт напротив - се гмечат истите и заедно со семките се чуваат. Ставам неколку каранфилчиња и прачка цимет. Доколку ги ставате вишните заедно со семките, ценам дека не мора да ставате есенција од горчлив бадем, но тоа останува на вас бидејки многупати кажавме дека за вкусовите не се разговара.
На здравје!