Француски компир со свински врат
Состојки
- 1кг варени,лупени компири
- 300гр свински врат
- 4 варени јајца
- 300гр кашкавал
- За бешамел сосот
- 100гр. маргарин
- 100гр. брашно
- 200 мл млеко
- 1 лажиче зачин,масло за јадење и црн бибер
Подготовка
Огноотпорниот сад го попрскуваме со масло и на покрупната страна на рендето го рендаме компирот. Парчињата свински врат ги сечкаме на коцки и ги нанесуваме врз компирот. Потоа на покрупната страна од рендето го рендаме кашкавалот. Јајцата ги сечиме на кругови и ги нанесуваме врз кашкавалот. Посолуваме и наросуваме црн бибер и зачин.
Во тава за пржење на оган го ставаме маргаринот да се растопи. Го додаваме брашното и мешаме со жицата. Откако брашното ќе се испжи го налеваме млекото, зачинуваме со мешан зачин и промешуваме. Кога бешамел сосот ќе ја добие потребната густина го налеваме врз смесата. Се пече околу 30мин на 200 степени.