Колбаси со пиперки и компири
Состојки
- 1 црвена пиперка
- 2 зелени пиперки
- 2 главици кромид
- 2 поголеми компири
- 1 лажиче зачин, сол и црн бибер
- 500гр колбаси (или колку сакате, не се по мерка) и масло за јадење
Подготовка
Колбасите посебно ги пржиме и тргаме настрана. Кромидот ситно го сецкаме, пиперките ги сечеме на кругови и компирот исто го лупиме и сечиме на парчиња.
Сите состојки ги ставаме во подлабок сад. Ставаме масло, зачин, сол и црн бибер и ги мешаме со раце. Ги ставаме во тава за печење и врз нив ги редиме испжените колбаси. Го додаваме и маслото во кое се пржеа колбасите и печеме додека да биде готово.