Вртен зелник
Состојки
- Тесто
- 600 гр брашно
- 100 мл масло
- 1 лајче сол
- 1 лајче шеќер
- 1 свеж квасец
- 500мл вода
- 250гр маргарин за премачкување
- Фил
- 300 гр изварок
- 300 гр спанаќ,коприва,блитва или штавел (по ваш избор)
- 3 јајца
Подготовка
Подготовка
Најпрво се ставаат квасецот и шеќерот со малку вода да стаса. Се замесува тестото од сите состојки и се остава пак да надојде. Тестото се меси и се дели на 10 топчиња. 5 топчиња се сучат во големина на тацна од кафе, се премачкуваат со маргарин и се оставаат да надојдат. Истото се прави и со останатите 5 топчиња. Од првите 5 топчиња се сука голема кора, се мачка со маргарин и се витка во ролат, и се врти во вид на полжав, па пак се мачкаат со маргарин. Потоа се сука во голема кора колку тепсијата. Врз него се става филот и другата преостаната кора која е приготвена на истиот начин како и првата.Сето ова се прави на работна маса (не се става тестото во тепсија). Вака приготвеното тесто се сечи на ленти во широчина од 3см. и се прават спирали. Секоја спирала се реди во тепсијата. Одозгора се премачкува со масло и сусам. Се печи на 180 степени, 45 минути. Пријатно јадење!