Испечати

Праски со прелив од кафеав шеќер

Праски со прелив од кафеав шеќер

Состојки

  • 2 позрели праски
  • по вкус сладолед од ванила
  • по вкус сецкани бадеми
  • Прелив од кафеав шеќер
  • 4 лажици светло кафеав шеќер
  • 6 лажици млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка

За овој десерт потребни ви се позрели праски, бидејќи со нив поубав е вкусот.

1. Праските се лупат и се преполовуваат. Со пресечената страна се ставаат во грил тава и кратко време се запекуваат. За тоа време праските ќе омекнат и се чувствува мирис на марамалад од праски.

2. Преливот се прави на тој начин што сите состојки се ставаат во лонче и се загреваат додека не провријат. Се варат кратко време, додека шеќерот не се стопи и не се добие средно густ прелив (по вкус ако сакате погуст прелив варете го повеќе, а ако сакате поредок слободно додадете повеќе млеко).

3. Праските се служат во чаша со сладолед од ванила, прелиени со сосот од кафеав шеќер и посипани со сецкани бадеми.