Испечати

Домашно пилешко гиро

Домашно пилешко гиро

Состојки

  • 800 гр пилешки стек
  • 8 тортиљи
  • 1 една главица кромид
  • 1 една краставица свежа
  • 2 два домати

Подготовка

Пилешкиот стек се сечка на тенки ленти (резанки) и се пропржува во вок тава со три капки маслинов зејтин и малку путер, на највисока температура за да изгледа како печен на скара и сосема на крајот се додава мешан сув зачин и црвен пипер за да не изгори. Пилешкиот стек може да се пече и во грил тавата на Делимано.
Откако ќе го тргнеме на страна веќе приготвениот стек, тортиљите ги мачкаме со мешавина од една лажица кечап, една лажица мајонез и една супена лажица сенф.
Потоа на едниот крај од секоја тортиља ставаме по околу 100 гр пилешки стек, малку домат, малку краставичка и малку кромид и роловаме. Откако ќе ги спакуваме сите тортиљи, може, а и не мора да ги ставиме на 150 степени на тавче во рерна да се стоплат или потпечат колку да зарумени тестото и потоа се е готово за конзумирање. Со гирото можете да подготвите и ѕазики (една изрендана краставичка и убаво исцедена да нема вода, две павлаки со голема густина, а не многу голема масленост и малку зачин за ѕазики).