Испечати

Тегнети мазничиња со урда

Тегнети мазничиња со урда

Состојки

  • 1 кг. брашно
  • 10 лажици масло
  • сол по вкус
  • млака вода по потреба (окулу 500мл)
  • за филот
  • 500гр. урда
  • 200мл. масло

Подготовка

Мазничиња погодни за секоја прилика, за ручек или појадок со чаша јогуртче, а после тоа на диета.
Најпрво брачното турете го во подлабок сад заедно со солта и постепено додавајте ја водата. Тестото што ќе го добиете треба да биди што помеко тоа поубаво. Од тестото направете помали или ако сакате поголеми пупалина и убаво измесете ги и секое намрсете го(ставете поголема количина на масло) и така намрсени покријте ги со најлонска фолија и оставете ги околу 40 минути да се одморат. Потоа на чаршав секое пупале тегнете го со рацете колку што можите потанко, намрсете и ставете од урдата. Кога ќе го намрсите и филовате со помош на чаршавот смотајте ја кората во ролна и направете мазниче. Така правете со сите пупалина. Ставете ги во намрсен плех и печете на 180 степени околу 25 минути, не ги препекувајте не се вкусни ако се многу печени.