Потурен кекс со млеко
Состојки
- 4 јајца
- 100гр. кокосово брашно
- 100гр. шеќер
- 1 пециво
- 3 лажици презла
- 8 лажици брашно
- 2 лажици двопек
- 4 лажици масло
- 150мл. млеко
- за натурање на кексот
- 200гр. шеќер
- 400мл. млеко
- за декорација
- 2 кесички шлаг крем од ванила
Подготовка
Одамна ја немав отворена старата тетратка со рецепти на мајка ми и ете денес дојде денот и веднаш налетав на овај рецепт само што направив измена (во тетратката немаше шлаг крем одозгора).
Најпрво изматете ги јајцата заедно со шеќерот и додадете го топлото млеко и маслото. Кога убаво ќе се избијат додадете ги брашното, презлата и мелениот двопе заедно со пецивото. Потоа ставете го и кокосовото брашно и смесата ставете ја во намрсено тавче да се печи на 190 степени околу 20 мин. Кога ќе се испечи натурете ја со млакото млеко зовриено заедно со шеќерот. Значи и паниспањата млака и млекото млако. Кога убаво ќе се излади и ќе се впие шербетот изматете ги шлаговите и украсете. На здравје!!!