Испечати

Ледолина (торта без печење и без миксер)

Ледолина (торта без печење и без миксер)

Состојки

  • 500 мл млеко
  • 500 мл слатка павлака
  • 100 гр црна чоколада
  • 100 гр бела чоколада
  • 12 лажици густин
  • 2 ванилин шеќера
  • 4-5 лажици шеќер
  • 100 гр пишкоти или бисквити по желба
  • 3-4 лажици прелив од вишњи
  • За украсување
  • 125 мл млеко
  • 1 шлаг

Подготовка

Оваа брза и лесна торта ми се моткаше пред очи веќе неколку недели, па решив да ја направам. За неа не ви е потребно ниту многу време ниту пак некои посебни средства за готвење. Едноставна е и брза, па може и почетник да ја подготви, а крајниот резултат е одличен.

1. Млекото и слатката павлака ги ставаме на оган, ама претходно од нив одвојуваме околу 200 мл течност во која ќе го измешаме шеќерот, ванилиниот и густинот.
2. Кога ќе почнат да вријат ја додаваме смесата со густин. За неколку десетици секунди целата смеса зе згуснува, со тоа што треба постојано да мешате со рачна маталка, за да не ви се направат грутки.
3. Топлата смеса ја делиме на две половини. Во едната ставаме црно, а во другата бело чоколадо. Мешаме за да се растопат.
4. Претходно во калап за торта од страните редиме хартија за печење, за да не ни се залепи кремот на страниците од калапот, а тортата да ја добие посакуваната форма.
5. Ги редиме пишкотите, натопените во млеко. Врз нив ја истураме крем смесата. Можете наизменично или пак прво црниот, па белиот дел.
6. Ја оставаме да се стегне во фрижидер. Потоа со лажица ја мачкаме со прелив од вишни. Украсуваме со шлаг или по желба.

Забелешка
Мислам дека малку претерав со густин. Ставав полни лажици, ама мислам дека треба рамни да бидат. Откако ми се згусна крем смесата некако веднаш ми зацврсти, така да внимавајте со густинот и нека пишкотите во тавчето ви бидат спремни, за да можете веднаш да го истурите кремот врз нив.
Калапот во кој ја ставив е број 26, така да малку ниска ми излезе.
Ако не украсувате со шлаг како мене, не ви треба ниту миксер за подготовка, само продукти и добра воља.