Шпагети со крем сос од печурки и пармезан
Состојки
- 500 гр шпагети
- 300 мл крем (хопла) за готвење
- 300 гр свежи шампињони
- 1 главица кромид
- малку јадра сол
- малку мешан зачин
- малку кари зачин
- малку зачин со вкус на печурки
- малку пармезан за наросување на шпагетите и сосот
Подготовка
1. Шпагетите се варат, се цедат и се мијат со ладна вода
Подготовка на сосот
1. Кромидот ситно се сечка и се запржува
2. Во него се додаваат печурките ситно исечкани
3. Откако целата смеса ќе омекне се додава кремот за готвење и зачините, се остава 1 минута да проврие и се трга од огин
4. Се сервираат шпагетите и сосот врз нив или до нив и целата сервирана чинија се посипува со ситен пармезан