Смоквини бомбичиња со јогурт
Состојки
- 1 јајце
- 3-4 лажици шеќер
- 5 лажици сусам (потпечен малку)
- 50 гр чоколадо
- 100 мл јогурт
- 100+100 гр ореви (сечкани и мелени)
- 4 лажици џем од смокви
- 300-400 гр бисквити мелени
- 100 гр ореви мелени (за валкање на бомбиците)
Подготовка
1. Најпрво се матат јајцата со шеќерот, па се додава јогуртот и се промешува да се соедини
2. Во оваа смеса се додаваат сите останати состојки освен бисквитите
3. Се меша убаво да се соедини смесата
4. На крајот малку по малку се додаваат бисквитите, според потребата, затоа што количината зависи и од тоа колку е редок или густ џемот кој го употребувате
5. Се соединува целата смеса и се формираат бомбици
6. Бомбиците се валкаат во мелени ореви и се служат во книжни корпици