Испечати

Посна сникерс сусамка со локум

Посна сникерс сусамка со локум

Состојки

  • 500 гр локум
  • 250 гр сусам
  • 250 + 250 гр кикиритки (мелени и толчени)

Подготовка

1. Кикиритките за колачи, несолени и непечени се мелат и толчат (пола-пола)
2. Сусамот и кикиритките се потпекуваат во едно тавче на огинот, колку да поруменат
3. Се додава и локумот во нив и се меша смесата...локумот полека се затоплува и се топи и воедно се соединува со сусамот и кикиритките
4. Оваа смеса се става или во калап или пак како што направив јас се прават форми во вид на мали сукалца (со големина на еден прст)
5. Можат озгора да се декорираат-ишараат со линии од растопено чоколадо или пак целосно да се чоколадираат. Јас ги оставив денес едноставно такви какви што се, да се поразлични од останатите кои ги подготвив
6. Од оваа смеса излегуваат околу 50 парчиња како овие моите сукалца