Најубавата обланда
Состојки
- 1 обланда
- 500 гр шеќер
- 400 мл млеко
- 1 маргарин
- 1 ванила
- 400 гр мелени бисквити
- 200 гр мелени ореви
- ½ црно чоколадо за готвење
Подготовка
1. Млекото, шеќерот и ванилата ги ставаме во сад на оган. Мешаме додека не се растопи шеќерот. Го додаваме маргаринот и тој да се растопи. Смесата ја тргнуваме настрана и во неа ги додаваме бисквитите и оревите. Мешаме да се соединат состојките.
2. Смесата ја дели на 2 дела и во едниот дел го ставаме чоколадото за готвење да се стопи.
3. Обландата ја филуваме наизменично со светол и темен фил. последната кора не ја филуваме. Одозгора ставаме фолија и тежок предмет. По неколку часа ја сечиме.