Испечати

Торта со фстаци и кокос

Торта со фстаци и кокос

Состојки

  • Две кори од по:
  • 6 белки
  • 120 гр шеќер
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици брашно
  • 75 гр мелени фстаци
  • 50 гр кокос
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • Фил
  • 3 пудинзи од ванила
  • 300 гр шеќер
  • 750 мл млеко
  • 250 гр путер
  • 12 жолчки
  • 100 гр чоколада за готвење
  • Глазура
  • 250 гр јагоди или малини
  • 3 лажици шеќер
  • 3 листови желатин
  • За украсување

Подготовка

Да ве послужам со тортичка по повод мојот 200-ти рецепт на оваа страна. Голем поздрав до тимот на Мои рецепти, сите членови и сите посетители на странава.
Подготовка на кората
Белките се матат со шеќерот да постанет цврсти како снег. Се додава маслото, брашното, кокосот, фстаците и пецивото. Се мешаат со голема лажица да се изедначат. Смесата се става во намачкан со путер и набрашнета тава бр. 26 и се пече на 180 степени околу 20 мин.
На ист начин се подготвува и втората кора.
Подготовка на филот
Пудингот се раствора со малку млеко и шеќер. Останатото млеко и шеќер се ставаат да зовријат. Откако ќе зовријат се додава пудингот и на среден оган се меша додека се згусти. Се остава покриен да олади.
Жолчките се разматуваат со миксер и се варат на пареа да се згустат. Потоа се оставаат да оладат.
Путерот се мати со пудингот, се додаваат жолчките и се доизматуваат убаво да се изедначат.
Филот се дели на 1/3 и 2/3.
2/3 од филот се остава жолт а во 1/3 се додава чоколадата претходно стопена и оладена.
Во калап за торта бр. 26 со обрач се става една кора. Се нанесува половина од жолтиот фил, се рамни и над него се нанесува целиот фил со чоколада.
Се става втората кора и над неа се нанесува другата половина од жолтиот фил и се рамни.
Тортата се става во фрижидер и се подготвува глазурата.
Јагодите или малините се чистат и се блендираат со блендер да се добие кашеста смеса. Во смесата се става шеќерот и се става да вари 3-4 минути. Се трга од огнот и се додава желатинот. Се меша да се стопи.
Смесата се остава малку да под олади (за да не се стопи филот) и потоа се става над тортата.
Тортата се остава во фрижидер неколку сати или преку ноќ да се стегне, потоа се вади од калапот и се украсува со изматена слатка павлака.